Opel Antara.

- Комплетно редизајнирана со нови мотори и перформанси. - Нови бензиски мотори од 2.4 со 170ks и 3.0 со 254ks и дизелски мотор 2.2 ccm со 163ks и 184ks.
- Мотори сто ги поседуваат најновите мануелни и автоматски 6 степени менувачи моќно, но сепак нежно возење.
- Новата Opel Antara претставува елегантно теренско возило кое остава моќен впечаток каде и да се појавите.
- Екстремно моќните мотори и системот 4h4 претставуват идеална комбинација за возење во сите временски услови.

Дизајнирана за да го избегнете секојдневното сивило -Opel Antara. Ова елегантно теренско возило со погон на сите тркала отвора нови хоризонти.

Opel Antara е комбинација на возбуда и перформанси на возило со погон на сите тркала и комфор и стил што го нуди луксузна лимузина, од едно од најпочитуваните имиња во автомобилската индустрија. Сето ова го добивате по цена која ви дава огромна вредност за парите. Откријте ги добро опремените модели на Opel Antara. Antara, Antara Enjoy Plus, или луксузната Antara Cosmo. Ваш животен стил, ваш избор.

Остра и со стил однадвор, удобна и практична внатре, Opel Antara е буквално направена за да ве движи. Видете што ви нуди ова теренско возило.

Врвен модел на Opel Antara, нова комбинација на теренско возило и интелегентно урбано возило, со стил и перформанси кои покажуваат дека ви овозможуваат се што ви е потребно да уживате во животот до максимум. Зима или лето, на рамен или нерамен терен, ќе уживате во искуството со Cosmo.

Систем за контрола на намалување на брзината (СКНБ) Opel Antara е опремена со Систем за контрола на намалување на брзината во стандардна опрема. Со активирање на СКНБ се одржува постојано намалување на брзината што претходно се одбира преку притискање на педалата за гас.

Системи за електронско возење Opel Antara користи системи за електронска поддршка на возачот за да ја зголеми активната безбедност. Покрај нормалното функционирање АБС исто така нуди: Контрола на сопирачки при вртење (КСВ), што ја подобува стабилноста при кочење во кривина преку намалување на притисокот врз сопирачките на внатрешните гуми.

Безбедност Со SAFETEC® вие сте заштитени од сите страни. системот е базиран на интеракција на сите карактеристики на возилото за пасивна и активна безбедност, при што главниот елемент е делот за патниците које е екстремно важен. Оваа комбинација ви овозможува, во случај да за жал бидете дел од сообраќајна несреќа, механичките деформации да се минимизираат и да се сочува најголем можен простор за преживување.